Докторски студии во Канада
Докторските студии се највисоко ниво на образование во Канада. Преку високите академски стандарди што ги обезбедуваат, овие програми се признати и високо ценети на глобално ниво.
Канада се наоѓа во самиот врв во светот по инвестирањето во истражувачки и научни проекти на годишно ниво. Во 2018 година, канадската влада инвестираше 925 милиони долари во научни и истражувачки проекти и 275 милиони долари во меѓународни проекти од областа на друштвените науки.
Канадските универзитети им нудат на студентите врвна опрема и лаборатории, како и високо квалификувани професори и истражувачи кои се во самиот врв во светските науки и иновации.
За надарените студенти на основни студии, постојат специјални програми (Non-Terminal Programs) кои се комбинација на мастер и докторски студии.
Во зависност од областа на истражувањето, докторските студии траат од три до шест години.
Академска година
Во зависност од програмата и образовната институција, почетните рокови за доктроски студии во Канада се во септември и јануари.
Школарина
Школарината за докторски студии зависи од студиската област и институцијата, а просечните цени се движат од 10,000 до 20,000CAD. За меѓународни студенти на докторски студии на Универзитетот во Торонто, школарината е иста како и за домашните студенти.
Услови за упис
Условите за упис се завршени мастер студии и положен меѓународно признат тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик. За поединечни студиски програми се бара положен GMAT или GRE тест, или предлог тема за истражување, како и препорака од ментор.
Post-Graduation Work виза по студирањето
По завршените студии можете да аплицирате за Post-Graduation Work виза, која ви дава можност да живеете и работите полно работно време на период до три години. Ова работно искуство, како и докторската диплома, сигурно ве водат до статус на постојан жител во оваа земја.