Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma во Канада
Graduate Certificate и Diploma по степенот на образование доаѓаат по основните студии и нудат додатно усовршување на ниво на додипломски студии.
Postgraduate Certificate и Diploma се сметаат за постдипломски студии, а од мастер студиите се разликуваат по тоа што на студентите им нудат практична и професионална обука во својата или сродна област на студии. Тие се наменети за студенти и вработени лица кои сакаат да го надополнат стекнатото знаење на основните студии и да ги унапредат своите кариери, или да го прошират во сродни области.
Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma траат од еден до четири семестри.
Академска година
Академската година во Канада почнува во септември. Покрај почетокот во септември, некои образовни институции нудат и почеток во јануари и мај.
Школарини
Висината на школарините за овие програми зависи од образовната институција и студиската област и генерално се движат од 16,000 до 19,000CAD на годишно ниво.
Услови за упис
Условите за упис се завршени основни студии и положен меѓународно признат тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик (зависно од канадската провинција). Потребната просечна оценка зависи од јазикот, студиската област и образовната институција. За студиските програми на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 IELTS или 84-88 поени на TOEFL IBT тестот.
Post-Graduation Work виза по студирањето
По завршувањето на одредени Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma во Канада, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза, што ви овозможува да живеете и да работите во Канада одреден временски период. Ова работно искуство може да ви помогне трајно да се населите во оваа земја.