Мастер студии во Канада
Канада е земја со висока репутација кога станува збор за мастер студии. Дипломата, квалификациите и аналитичките вештини кои што ќе ги стекнете на мастер студиите во Канада, се глобално признати и ценети насекаде во светот.
Мастер студии се нудат на универзитетите и обично траат од една до две години.
Академска година
Академската година на канадските универзитети почнува во септември. Покрај овој почетон рок, одредени универзитети нудат и почеток во јануари.
Школарина
Висината на школарините за мастер студии во Канада зависи од студиската област и институцијата, и обично се движат од 20,000CAD на годишно ниво.
Услови за упис
Условите за упис на мастер студии се завршени основни студии и положен меѓународно признат тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик, што зависи од тоа во која канадската провинција планирате да студирате. Потребната просечна оценка зависи од јазикот, студиската област и образовната институција. За студиските програми на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 IELTS или 84-88 поени на TOEFL IBT тестот.
Post-Graduation Work виза по студирањето
По завршените мастер студии можете да аплицирате за Post-Graduation Work виза, која ви дава можност да живеете и работите полно работно време на период до три години. Работното искуство кое што ќе го стекнете на оваа виза може да ви помогне трајно да се населите во Канада.