Курс по англиски и француски јазик во Канада
Официјални јазици во Канада се англискиот и францускиот. Англискиот е официјален јазик во повеќето канадски провинции, а францускиот само во Квебек. Во зависност од тоа за која провинција ќе се определите, ќе треба да знаете еден од овие два јазика за да студирате, работите и живеете во Канада.
Курсот по англиски или француски јазик е идеална опција за оние кои не се сигурни во нивните јазични вештини или кои не добиле доволен број на поени на потребниот тест по англиски или француски, за упис на студии во Канада. Овие курсеви се многу популарни и привлекуваат над 140.000 меѓународни студенти на годишно ниво. Програмите се нудат на повеќе од 225 акредитирани државни и приватни образовни институции ширум земјата.
Во зависност од вашите потреби, курсот може да трае од четири недели до една година, а можете да го започнете секој понеделник во месецот. За курсевите кои траат до шест месеци потребна ви е туристичка виза, а за оние подолгите од шест месеци, студентска виза.
Ова е единствената студиска програма во Канада за која не треба да исполнувате некои одредени услови или полагање на некој од меѓународните тестови по англиски или француски јазик.
Главната предност на овие програми е што ќе го научите јазикот побрзо и подобро отколку на класичнитее курсеви во вашата земја. Преку квалитетната настава и секојдневниот живот во мултикултурна средина, ќе имате можност да ги усовршите стекнатите знаења и јазични вештини и да се подготвите за идните студии и животот во Канада.
Овој период исто така можете да го користите за да се запознаете со вашата нова средина, да стекнете нови пријатели и генерално да го запознаете канадскиот образовен систем, особено ако сте неодлучни околу изборот на студии и вашата идна кариера.
Многу школи ги нудат овие програми преку летни и зимски кампови, како и преку homestay програми, кои вклучуваат учење на јазикот и сместување во канадско семејството.
Типови на курсеви
Постојат повеќе типови на курсеви по англиски и француски јазик во Канада, а некои од најпопуларните се:
- Основно ниво – овој курс е наменет за почетници и студенти со основно познавање на јазикот т.е. оние кои сакаат да учат јазик за секојдневна употреба, вработување и слично.
- Академско ниво – наменет е за оние кои сакаат да го унапредат своето знаење за студирање во Канада.
- Бизнис курсеви – Овие курсеви се наменети за оние кои сакаат да ја подобрат својата способност за комуникација во деловно опкружување и може да се специјализираат во одредени деловни области.
- Подготовка за полагање на меѓунаордни тестови - Наменети за студенти кои сакаат да полагаат еден од меѓународно признатите тестови по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски (DALF / DELF).
Цените на курсот зависат од видот и должината на курсот, како и од тоа дали посетувате програмата на државен или приватен колеџ. Цената во просек се движи од 220 до 350CAD на неделна основа.
По завршувањето на овој курс, можете да ја продолжите студентската виза и да го продолжите школувањето во Канада.