Студентска виза за Канада
Доколку планирате да запишете студиски програм во Канада кој што трае шест месеци или повеќе ќе ви биде потребна студентска виза (study permit).
Услови за добивање на студентска виза
- Да бидете запишани на подобна образовна институција (Designed Learning Institution).
- Да бидете запишани како full time студент
- Да имате Letter of Acceptance
- Да докажете дека планирате привремено да останете во Канада, додека траат вашите студии.
- Да имате доволно финансиски средства за студирање и престој во Канада.
- Да ги исполнувате условите за карактер.
- Да дадете биометриски податоци.
- Државјани на одредени земји потребно е да извршат лекарски преглед и да докажат дека се со добра здравствена состојба.
Времетраење на студентската виза
Студентската виза се доделува за времетраење на студиската програма, плус 90 дена. Овие 90 дена ви овозможуваат да се подготвите да ја напуштите Канада или да аплицирате за продолжување на престојот во Канада.
Работа на студентска виза
Студентската виза ви овозможува да работите во Канада за време на студиите. Ако имате студентска виза и сте запишани на стручни, академски или професионални студии, не треба да аплицирате одвоено за виза за работа, туку самата студентска виза ви овозможува да работите во склоп и надвор од кампусот во Канада. Со студентската виза можете да работите 20 часа неделно, додека наставата е во тек и неограничено во текот на распустите. Со работа можете да започнете кога ќе започнат и вашите студии.
Здравтсвено осигурување за меѓународни студенти во Канада
Сите меѓународни студенти во Канада мора да имаат здравствено осигурување. Здравствената заштита која што им е достапна на меѓународните студенти варира од провинција до провинција. Студентите кои планираат да студираат во Канада треба да ја истражат достапноста на осигурувањето во нивната провинција. Во провинциите каде што меѓународните студенти не се опфатени со провинциски планови за здравствена заштита, студентите мора да организираат приватно здравствено осигурување.
Аплицирање за студентска виза
За студентска виза можете да аплицирате онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC).
Такса за обработка на апликацијата
Таксата за обработка на апликацијата изнесува 150CAD, додека таксата за давање на биометриски податоци 85CAD. И двете такси можете да ги платите одеднаш онлајн во моментот на аплицирање за виза преку официјалната страна на имиграционата служба на Канада.