Студирање во Калгари
Калгари е најголемиот град во провинцијата Алберта и еден од најголемите градови во Канада. Сместен е на југот на провинцијата, во близина на Rocky Mountains. Познат е по еко-туризмот и зимските спортови.
- Локација: Провинција Алберта, западна Канада
- Број на жители: 1.2 милиони
- Основан: 1875 година.
Студирање во Калгари
Калгари е еден од најмултикултурните и најбезбедните градови во Канада, секоја година привлекува голем број меѓународни студенти кои доаѓаат на студии и усовршување на знаењата.
Студентски пракси и работа во Калгари
Со студентската виза на меѓународните студенти во Канада им е дозволено да работат пола работно време, најмногу до 20 часа неделно за време на наставата и полно работно време за време на распустите. Ова им овозможува да го надополнат својот буџет, како и да стекнат работно искуство во својата професија што може да им помогне понатаму да аплицираат за постојан престој во Канада.
Понудата на работни места со пола работно време е разновидна, студентите можат да работат на или надвор од кампусот, а во зависност од студиската програма, индивидуалните образовни институции, во соработка со партнерските компании, нудат co-op пракса како практичен дел од наставата. Овие пракси се платени.
- Просечна плата: 60.631CAD/годишно
Животот во Калгари
Покрај убавите пејсажи и чистата природна околина, Калгари може да понуди и висок животен стандард со високо развиена економија. Најразвиените активности се од областа на енергетиката, финансиите, транспортот, технологијата, аеро индустријата, здравствената заштита, филмот, телевизијата и туризмот.
Калгари е втор град по големина во Канада по бројот на големи корпорации и град со најголем број милионери во земјата. Работниците во Калгари се меѓу најплатените во Канада. Поради сето ова, Калгари се рангираше на четвртото место во светот по квалитетот на животниот стандард во 2018 година, според списанието „Економист“. Калгари има влажна континентална клима, со ладни зими и топли лета.
Смештај за студентите во Калгари
Во зависност од буџетот и видот на студиите, на меѓународните студенти генерално им се нудат две опции на смештај за време на нивниот престој во Калгари:
- Смештај на кампусот - Повеќето универзитети и колеџи нудат сместување за студентите на кампусот, во срцето на студентски настани. Ова е препорачлива опција, особено за студенти на првата година од студиите, бидејќи им овозможува на најлесен начин да се вклучат во студентската заедница, да се интегрираат во новата средина и да запознаат нови пријатели.
- Приватен смештај надвор од кампусот - Меѓународните студенти можат да изнајмат соба или стан надвор од кампусот, сами или со други студенти. Универзитетите им нудат помош на студентите за да најдат ваков вид сместување. Ова е поевтина опција затоа што не вклучува храна и други трошоци за живот (интернет, перална ...) и исто така единствена опција за оние кои посетуваат курсеви по англиски јазик или се запишани на колеџи кои не нудат студентски смештај.
Јавен превоз во Калгари
Јавниот превоз во Калгари вклучува автобуски превоз и “лесна железница“ (light rail-вид на брзи трамваи). Погодност за студентите е U-Pass картата со неограничен број на возења за времетраење на семестарот, која се плаќа со школарина.
- Карта во еден правец: 3,40CAD
- U-Pass карта за еден семестар: 145CAD
- Такси старт/1км: 3,80/1,50CAD
Активности и атракции во Калгари
- Calgary Tower - Кулата во Калгари, позната и како Husky Tower, е најголемата зграда во Канада после Националната кула во Торонто. Таа нуди спектакуларен поглед на градот.
- Heritage Park Historical Village - Историскиот парк е жив музеј на Калгари и една од најпосетуваните туристички атракции во градот. Со својата архитектура и интересни детали што враќаат во минатото, ја прикажува историјата на Западна Канада од 1860 до 1950 година.
- Telus Spark - Telus Spark е научен музеј во Калгари и, заради своите интерактивни изложби и мултимедијални презентации, е омилена атракција за студентите.
- Stephen Avenue - Авенијата Stephen е пешачка област во Калгари со најдобрите ресторани, барови и мали продавници.
- Рафтинг - Рафтингот или кајакувањето на реката Bow низ срцето на Калгари нуди уникатно искуство.
- Забава на отворено - Националниот музички центар ја претставува музичката историја на Канада, но исто така нуди низа забавни и музички активности за посетителите.
- Одмор покрај вода - Prince's Island Park нуди широк и уреден простор за рекреација, риболов, возење велосипед и многу други погодности.
- Возење со воз - Железничката дневна тура "Rocky Mountaineer" иде од Ванкувер до Калгари нудејќи несекојдневен поглед на Банф, карпестите врвови на Трите сестри, езерото Луис и други прекрасни предели.
Настани и манифестации во Калгари
- Calgary Stampede - Стампедото е еден од најпознатите годишни фестивали во Калгари, кои опфаќаат родео, изложби, концерти и друга забава.
- GlobalFest - GlobalFest е спектакуларен огномет кој се одржува секоја година во август во паркот Elliston на Денот на Канада.
- Sled Island - Музичкиот уметнички фестивал Sled Island се одржува во јуни на 35 различни локации во градот.
- Calgary Folk Music - Покрај стампедото, една од најпознатите настани во Калгари е Фестивалот на народна музика.