StudiranjeVoKanada.com
Future Option | Студирање во Канада Future Option | Студирање во Канада
  • Почетна
  • Студирање
    Курс по англиски и француски јазик Стручни програми Основни студии Certificate и Diploma Мастер студии Докторски студии
  • Студентски визи
    Студентска виза Post-Graduation Work виза
  • Пополни прашалник
    • Пополни прашалник
  • За Нас
  • Вести
  • Контакт

Студирање во Монтреал

Монтреал е втор најголем град во Канада и е најголем град во провинцијата Квебек. Во 2017 година, Монтреал ја понесе титулата за најдобар град за студенти во светот.

  1. Почетна
  2. Студирање во Монтреал

Студирање во Монтреал

Монтреал е втор најголем град во Канада и е најголем град во провинцијата Квебек. Се наоѓа на островот Монтреал и се граничи со реките Сен Лорен и Отава. Францускиот е официјален јазик, а по Париз, Монтреал е најголемиот франкофонски град во светот.

  • Локација: провинција Квебек, источна Канада
  • Број на жители: 1.7 милиони
  • Основан: 1642 година.

Студии во Монтреал

Во 2017 година, Монтреал ја понесе титулата за најдобар студентски град во светот, а, заедно со Торонто и Ванкувер, рангиран е во првите 20 најдобри градови за студирање во светот.

Студентски пракси и работа во Монтреал

Со студентската виза на меѓународните студенти во Канада им е дозволено да работат пола работно време, најмногу до 20 часа неделно за време на наставата и полно работно време за време на распустите. Ова им овозможува да го надополнат својот буџет, како и да стекнат работно искуство во својата професија што може да им помогне понатаму да аплицираат за постојан престој во Канада.

Понудата на работни места со пола работно време е разновидна, студентите можат да работат на или надвор од кампусот, а во зависност од студиската програма, индивидуалните образовни институции, во соработка со партнерските компании, нудат co-op пракса како практичен дел од наставата. Овие пракси се платени.

  • Просечна плата: 56.477CAD/годишно

Животот во Монтреал

Монтреал е центар на Канада во областа на трговијата, авијацијата, транспортот, фармацевтската индустрија, образованието, културата, храната и модата. Овој град е исто така центар на филмска култура и медијана на францускиот јазик, а во 2006 година беше прогласен за унесков град на дизајнот.
Трошоците за живот, како и школарините за меѓународните студенти во Квебек се меѓу најниските во Северна Америка.

Монтреал има влажна континентална клима со обилни врнежи од дожд.

Смештај за студентите во Монтреал

Во зависност од буџетот и видот на студиите, на меѓународните студенти генерално им се нудат две опции на смештај за време на нивниот престој во Монтреал:

  • Смештај на кампусот - Повеќето универзитети и колеџи нудат сместување за студентите на кампусот, во срцето на студентски настани. Ова е препорачлива опција, особено за студенти на првата година од студиите, бидејќи им овозможува на најлесен начин да се вклучат во студентската заедница, да се интегрираат во новата средина и да запознаат нови пријатели.
  • Приватен смештај надвор од кампусот - Меѓународните студенти можат да изнајмат соба или стан надвор од кампусот, сами или со други студенти. Универзитетите им нудат помош на студентите за да најдат ваков вид сместување. Ова е поевтина опција затоа што не вклучува храна и други трошоци за живот (интернет, перална ...) и исто така единствена опција за оние кои посетуваат курсеви по англиски јазик или се запишани на колеџи кои не нудат студентски смештај.

Превоз за студентите во Монтреал

Уредената јавна транспортна мрежа во Монтреал ја сочинуваат автобуси и метроа, како и такси-возила. Истиот билет се однесува и на автобус и воз, а плаќањето за превоз е во голема мерка олеснето со картичката Opus, која функционира по принцип на доплата на кредит и со која студентите можат да заштедат до 40% месечно.

  • Карта во еден правец: 3,25 – 3,50CAD
  • Такси старт/1км: 3,50/1,70CAD

Атракции и активности во Монтреал

  • Mont Royal- Паркот Мон Ројал (Mont Royal) е најголемата зелена површина во Монтреал, со два видиковци со поглед на градот, вештачкото даброво езеро и музејот Жорж-Етиен Картие.
  • Стариот Монтреал - Стариот Монтреал е историска атракција која задолжително мора да ја посетите. Погледот од старите кочии на старата архитектура, пазарот, старото пристаниште и останатите архитектски атракции делуваат импресивно.
  • Нотр-Дам- Базиликата Нотр-Дам во Монтреал има една од најатрактивните готски фасади во светот.
  • Монтреал Биодом - Монтреал Биодом е затворена зоолошка градина каде што можете да видите четири различни екосистеми кои се наоѓаат во Северна Америка.
  • Природа - Ботаничка градина во Монтреал содржи една од најпрестижните колекции на билен свет во светот.
  • Гастрономија - Mile End Montreal Food Tour вклучува турнеја во Монтреал и запознавање на гастрономската култура на градот преку автентично мени.
  • Забава - Паркот Jean-Drapeau нуди разновидна забавна и спортска содржина од стазата со пречки на вода Aquazilla до музичкиот фестивал Osheaga.
  • Крстарење - Траектот Bota Bota осмислен како спа центар на вода нуди богата содржина за релаксација и уживање, но и прекрасни погледи на старото пристаниште во Монтреал и познатиот Habitat 67.

Настани и манифестации во Монтреал

  • Tam-tams du mont Royal - Tam-tams du mont Royal е културна манифестација која секое лето организира многубројни музички и културни настани.
  • Montreal Jazz Festival - Меѓународен уличен фестивал на џез во Монтреал.
  • Just For Laughs - Фестивалот „Само за смеење“ е фестивал на скриена камера и добра смеа, а во овој град има истоимени музеј.
  • Montreal International Fireworks - Меѓународниот фестивал на огномет во Монтреал се одржува во јули секоја година и има натпреварувачки карактер.

Бесплатна проценка на профилот

(Пополнете прашалник и ќе Ве контактираме во најкраток рок)
Upitnik procene profila studenta

Опции за Студирање

  • Курс по англиски и француски јазик
  • Стручни програми
  • Основни студии
  • Certificate и Diploma
  • Мастер студии
  • Докторски студии

Пополни прашалник

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Канада.

Пополни прашалник
Навигација
  • Почетна
  • Студентска виза
  • За Нас
  • Контакт
  • Мапа
  • Прашалник
  • Post-Graduation Work виза
  • Вести
Опции за студирање
  • Курс по англиски и француски јазик
  • Стручни програми
  • Основни студии
  • Certificate и Diploma
  • Мастер студии
  • Докторски студии
logo

Македонска 30, Бизнис центар Eurocentar
Белград 11000

  • +381 11 3340 474
  • +381 62 162 88 95
  • +381 64 56 11 862
  • info@futureoption.net
  • www.studiranjevokanada.com

Copyright © 2025 www.studiranjevokanada.com All rights reserved | Future Option | Мапа |