Студирање во Торонто
Торонто е најголем град во Канада и главен град на провинцијата Онтарио. Се наоѓа на северозападната обала на езерото Онтарио, во срцето на “Златната потковица“ - најнаселениот дел на оваа провинција.
- Локација: Провинција Онтарио, југоисточна Канада
- Број на жители: 2,7 милиони
- Основан: 1793-та година
Студии во Торонто
Поради високиот животен стандард, нискиот степен на криминал и чистата природна околина, Торонто е меѓу најпосакуваните градови за живеење во светот, а заедно со Монтреал и Ванкувер е рангиран во првите 20 најдобри градови за студирање во светот.
Студентски пракси и работа во Торонто
Со студентската виза на меѓународните студенти во Канада им е дозволено да работат пола работно време, најмногу до 20 часа неделно за време на наставата и полно работно време за време на распустите. Ова им овозможува да го надополнат својот буџет, како и да стекнат работно искуство во својата професија што може да им помогне понатаму да аплицираат за постојан престој во Канада.
Понудата на работни места со пола работно време е разновидна, студентите можат да работат на или надвор од кампусот, а во зависност од студиската програма, индивидуалните образовни институции, во соработка со партнерските компании, нудат co-op пракса како практичен дел од наставата. Овие пракси се платени.
- Просечна плата: 59.031CAD/годишно
Животот во Торонто
Торонто е космополитски град. Како главен центар за имиграција во Канада, ова е мултикултурен град, како и индустриски и забавен центар на Канада. Покрај тоа, Торонто е најскапиот град во Канада.
Тој се наоѓа во зона на влажно умерена континентална клима, со топли и влажни лета и студени зими.
Смештај за студентите во Торонто
Во зависност од буџетот и видот на студиите, на меѓународните студенти генерално им се нудат две опции на смештај за време на нивниот престој во Торонто:
- Смештај на кампусот - Повеќето универзитети и колеџи нудат сместување за студентите на кампусот, во срцето на студентски настани. Ова е препорачлива опција, особено за студенти на првата година од студиите, бидејќи им овозможува на најлесен начин да се вклучат во студентската заедница, да се интегрираат во новата средина и да запознаат нови пријатели.
- Приватен смештај надвор од кампусот - Меѓународните студенти можат да изнајмат соба или стан надвор од кампусот, сами или со други студенти. Универзитетите им нудат помош на студентите за да најдат ваков вид сместување. Ова е поевтина опција затоа што не вклучува храна и други трошоци за живот (интернет, перална ...) и исто така единствена опција за оние кои посетуваат курсеви по англиски јазик или се запишани на колеџи кои не нудат студентски смештај.
Превоз за студентите во Торонто
Јавниот превоз на Торонто вклучува многу широка мрежа на автобуси, трамваи и метро сообраќај управувана од една државна компанија. Истата карта важи за сите типови на превоз, а за плаќање на превозот се користи Presto картичка на која може да се уплаќа кредит.
- Карта во еден правец: 3,10 – 3,25CAD
- Месечна карта: 138,55CAD
- Такси старт/1км: 4/2CAD
Активности и атракции во Торонто
- Канадската национална кула - Канадската национална кула во Торонто (SN tower) е највисоката зграда на западната хемисфера и е еден од најпознатите симболи на Канада, која нуди прекрасен поглед на градот.
- Кралскиот музеј на Онтарио - Кралскиот музеј на Онтарио е најголемиот канадски природословен музеј за светската култура и петтиот по големина музеј во Северна Америка, во кој има над 6 милиони експонати и 40 галерии.
- Музејот за чевли “Бата” - Музејот за чевли “Бата” е уникатна атракција со теми од Северна Америка.
- Ripley’s Aquarium - Ripley’s Aquarium е најголем аквариум во Канада, со девет простории, 5,7 милиони литри вода и 16.000 морски животни, вклучувајќи и ајкули.
- Острови - Островите Торонто (Toronto Islands) нудат многу спортски и возбудливи авантуристички активности, а може да се обиколат само со велосипед или пешки.
- Забава - Забавниот парк Canada’s Wonderland има најбрз, најдолг и највисок ролеркостер во светот.
- Пабови - Дестилериската област (Distillery District) е најголемата дестилерија во светот, дом на најдобрите пабови во Торонто, со особено жива атмосфера за време на Божиќните празници.
- Излегувања - Градската забавна област во Торонто (Entertainment District) е една од најголемите забавни сцени во Канада, со мноштво клубови и музички настани.
Настани и манифестации во Торонто
- Taste of the Danforth - Фестивалот на храна Taste of the Danforth се одржува во август во Авенијата Данфорт, грчката четврт во Торонто, која е позната по бројот на ресторани по километар квадратен, по што држи светски рекорд.
- Winterlicious и Summerlicious - Два фестивали на храна кои се одржуваат во текот на зимата и летото, на кои своите највкусни јадења ги представуваат 200 најпознати ресторани во градот.
- TIFF - Меѓународен филмски фестивал.
- Hot Docs - Меѓународен фестивал за документарен филм.