Студирање во Ванкувер
Ванкувер е најголемиот град во западна Канада, во провинцијата Британска Колумбија. Ванкувер се нарекува „Северен Холивуд“ затоа што, после Лос Анџелес и Њујорк, тој е трет по големина филмски центар во Северна Америка.
- Локација: Провинција Британска Колумбија, западна Канада
- Број на жители: 630 илјади
- Основан:1867 година
Студирање во Ванкувер
Ванкувер е една од најпопуларните дестинации за студирање во Канада. Секоја година, Ванкувер привлекува голем број меѓународни студенти од целиот свет, подготвени за усовршување, истражување и учење на нови култури и нации.
Студентски пракси и работа во Ванкувер
Со студентската виза на меѓународните студенти во Канада им е дозволено да работат пола работно време, најмногу до 20 часа неделно за време на наставата и полно работно време за време на распустите. Ова им овозможува да го надополнат својот буџет, како и да стекнат работно искуство во својата професија што може да им помогне понатаму да аплицираат за постојан престој во Канада.
Понудата на работни места со пола работно време е разновидна, студентите можат да работат на или надвор од кампусот, а во зависност од студиската програма, индивидуалните образовни институции, во соработка со партнерските компании, нудат co-op пракса како практичен дел од наставата. Овие пракси се платени.
- Просечна плата: 57.123CAD/годишно
Животот во Ванкувер
Ванкувер е еден од најголемите индустриски центри во Канада со најголемото и најпрометното пристаниште во Канада. Најразвиени индустрии се шумарството и дрвната индустрија, рударството и туризмот. Во последниве години, овој град стана важен центар за ИТ, биотехнологијата и филмската индустрија.
Ванкувер има умерена, океанска клима со чести летни суши.
Смештај за студентите во Ванкувер
Во зависност од буџетот и видот на студиите, на меѓународните студенти генерално им се нудат две опции на смештај за време на нивниот престој во Ванкувер:
- Смештај на кампусот - Повеќето универзитети и колеџи нудат сместување за студентите на кампусот, во срцето на студентски настани. Ова е препорачлива опција, особено за студенти на првата година од студиите, бидејќи им овозможува на најлесен начин да се вклучат во студентската заедница, да се интегрираат во новата средина и да запознаат нови пријатели.
- Приватен смештај надвор од кампусот - Меѓународните студенти можат да изнајмат соба или стан надвор од кампусот, сами или со други студенти. Универзитетите им нудат помош на студентите за да најдат ваков вид сместување. Ова е поевтина опција затоа што не вклучува храна и други трошоци за живот (интернет, перална ...) и исто така единствена опција за оние кои посетуваат курсеви по англиски јазик или се запишани на колеџи кои не нудат студентски смештај.
Превоз за студентите во Ванкувер
Јавниот превоз на Ванкувер вклучува автобуски превоз, траекти и метро (надземна железница) како и такси превоз. Една од погодностите за студентите е U-Pass картата која го интегрира целиот јавен превоз, а се плаќа со школарината по поевтина цена.
- Карта во еден правец: 3 - 5,75CAD
- Месечна U-Pass карта: 41CAD
- Такси старт/1км: 3,50/1,89CAD
Активности и атракции во Ванкувер
- Stanley Park - Stanley Park е првиот и најголемиот градски парк на Ванкувер и омилено место за релаксација и забава, со прекрасни предели, диви природа, плажи, вкусни ресторани и многу активности на отворено.
- Capilano Suspension Bridge - Висечкиот мост Capilano преку истоимената реката, долг 140 метри и висок 70 метри, е добро позната туристичка атракција во северен Ванкувер.
- Kitsilano - Плажата Kitsilano е сврстена меѓу 10-те најдобри плажи во светот, идеална за љубителите на фитнес и на органска храна.
- Уметничка галерија Ванкувер - Уметничка галерија Ванкувер со над 10.000 уметнички предмети вредни повеќе од 100 милиони долари, во која има и дела одEmily Carr.
- Музеј за антропологија - Музејот за антропологија, лоциран во рамките на Универзитетот Британска Колумбија, ја чува приказната за античките Абориџини и појавата на градот Ванкувер.
- Sea-to-Sky - Возењето по автопатот Sea-to-Sky, од Ванкувер до скијалиштето Whistler е оценето како едно од најубавите во светот бидејќи нуди поглед на зачудувачки водопади и мостови.
- Кинеска градина - Кинеската градина во Ванкувер е уникатно архитектонско дело изградено во будистички стил.
- Vancouver Aquarium - Аквариумот Ванкувер е една од најпосетуваните туристички дестинации и дом на над 50.000 животински видови од Арктикот до Амазон.
Настани и манифестации во Ванкувер
- Pacific National Exhibition - Pacific National Exhibition со историја долга преку 100 години, е една од најпознатите настани во Канада која вклучува музика, забава, изложби, спортски активности, саеми, концерти и други културни активности за сите возрасти.
- VIFF - Меѓународниот филмски фестивал Ванкувер се одржува секоја година во септември и е еден од најголемите фестивали од ваков вид во Северна Америка.
- Cherry Blossom Festival - Vancouver Cherry Blossom Festival посветен на пролетта и цветањето на црешите, кои ги има над 40.000 на градските улици, вклучува голем број на културни и забавни настани.
- BMO Vancouver Marathon - БМО Ванкуверскиот маратон привлекува голем број на тркачи, учесници од 65 земји во светот. Трасата минува низ парковите, плажите и градските туристички атракции и е една од најатрактивните во светот.